ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Ковид-19 набавките во фокусот (2021-2022)
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Ковид-19 набавките во фокусот (2021-2022)

on .

Проектот вклучува мапирање на клучните ризици од корупција во јавните набавки поврзани со КОВИД-19 преку длабинско следење на тендерите и водење дијалог за јавни политики, насочен кон подобрување на процесот на набавки и стеснување на просторот за корупција. За таа цел ќе се изготват два полугодишни извештаи од мониторингот (за јануари-јуни 2021 година и јули-декември 2021 година) и извештај со преглед за сите набавки поврзани со КОВИД-19 за 2020-2021 година, заедно со отворена база на податоци, а дијалогот за јавна политика ќе опфати најмалку 50 институции и ќе резултира со документ за политика и медиумско присуство за подобрување.

 

Се очекува проектот да резултира со:

- Зголемено ниво на информации за граѓаните за подобро разбирање на набавките поврзани со КОВИД-19 и ризиците од корупција во нив, како и засилен јавен притисок врз јавните институции за подобрување на регулативата и практиката во врска со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на тендерите поврзани со кризи, и

- Вклученост на јавните институции во дијалог за креирање и имплементација на јавна политика за подобрување на набавките во време на криза.

Проектот е финансиран со грант обезбеден од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави и на УСАИД, во вредност од 61.016 американски долари.