ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Кон ефикасни механизми на јавните набавки во (потенцијалните) земјите-кандидати за членство во ЕУ (2013-2016)
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Кон ефикасни механизми на јавните набавки во (потенцијалните) земјите-кандидати за членство во ЕУ (2013-2016)

on .

Целта на проектот е да ги зајакне процесите на јавните набавки во земјите од Западен Балкан, поточно Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е подржан од Европската Унија преку програмата за партнерства за граѓанското општество, буџетска ставка: 22.020701 – Регионални и хоризонтални програми.

Водечка организација на проектот е Фондацијата за отворено општество Србија, а партнери во проектот се: Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Центар за граѓански комуникации, Македонија, Мрежа за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора, Центарот за развој на непрофитниот сектор, Србија и Фондација отворено општество Словачка.

Општи цели на проектот:

  • Засилување на притисокот од граѓанското општество врз владите на Западниот Балкан да ги елиминираат слабостите во процесот на создавање на ефикасен систем на јавни набавки и да бидат одговорни при трошењето на јавни пари.
  • Комуникација со засегнатите страни и јавноста со цел да се зголеми разбирањето за барањата и условите на ЕУ во сферата на јавните набавки и повикување на акција.

Посебни цели на проектот:

  • Градење на регионални механизми за мониторинг на јавните набавки од страна на невладините организации врз основа на најдобрите европски практики.
  • Создавање на алатки за поголема вклученост на НВО и другите засегнати страни во процесот на одлучување и контролата во користењето на јавните пари.
  • Информирање за процесот на подготовка на преговарачки платформи во однос на поглавијата 5, 23 и 24 помеѓу ЕУ и земјите кандидати.

Проектот треба да ги даде следниве резултати:

  • Регионални анализи за ефикасноста на системите за јавни набавки во земјите од Западен Балкан.
  • Трансфер на најдобрите практити на Словачка во достигнување на стандардите на ЕУ во јавните набавки.
  • Едноставна за користење алатка (водич) за мерење на прогресот во транспаретноста, отчетноста и ефикасноста во јавните набавки во земјите на Западен Балкан.
  • Јавни дискусии на регионално и национално ниво (преку дебати и он-лајн платформа) за ефикасноста на системите на јавни набавки и реформите што треба да се спроведат со цел да се исполнат стандардите за воспоставување на „здрав систем“ на јавни набавки.

Фази на проектот:

  • Подготвителна фаза (усогласување на методологијата на истражувањата, креирање на он-лајн платформата)
  • Почетно истражување ( законската рамка, институционална поставеност; усогласеноста со ЕУ регулативата; опфатот и структурата на јавните набавки, транспарентност на сиситемите на јавни набавки, проценка на ризиците од корупција, препораки за подобрување на состојбите)
  • Мониторинг и анализа на конкретни тендери со цел да се процени ефикасноста и ефективноста на националните системи за јавни набавки.
  • Развивање на лесна за користења алатка за мерење на напревениот напредок во однос на транспаретноста, отчетноста и ефикасноста на јавните набавки.
  • Кампања за застапување во земјите од Западен Балкан кои треба да овозможат прифаќање и спроведување на непоходните промени во насока на подобрување на националните системи за јавни набавки.

Контекст:

Во рамки на процесот на приближување кон ЕУ, земјите од Западен Балкан почнаа со развој на антикорупциски системи и со востпоставување на институционални решенија кои треба да се во согласност со барањата и стандардите на ЕУ. Но, како и во многу други области, промените се спроведуваат на формален начин и без да се консултираат граѓаните и невладините организации. Токму затоа НВО-и се често принудени да ја употребат таканаречената Бриселска рута во комуникацијата со националните влади, вклучувајќи активности за застапување во Европската Комисија, ако политиките или препораките предложени од нивна страна треба да се најдат на дневниот ред на националните влади. Ова особено се однесува на некои сензитивни прашања како што е корупцијата.