ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Зимско одржување на улици и патишта 2021-22
Print
PDF

Зимско одржување на улици и патишта 2021-22

on .

There are no translations available.

Зимското одржување на улиците и патиштата оваа сезона ќе чини 8 милиони евра

Денес, 24 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите на државните институции со приватни фирми за зимско одржување на улиците и патиштата за сезоната 2021-22.

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра).

Како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - 317 милиони денари, односно  5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори за зимско одржување во земјава.

Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.

Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра.

Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.

Од фирмите, според вредноста на договорите, на врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување ќе биде и поголема ако се има предвид дека за пет тендери сѐ уште не се објавени склучените договори и нивните износи.

Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас. Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).