ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - БАЗА НА ПОДАТОЦИ НА СИТЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВО ЗЕМЈАВА: ВКУПНО 183 ВОЗИЛА, ПРОСЕЧНО СТАРИ ПО 11 ГОДИНИ
Print
PDF

БАЗА НА ПОДАТОЦИ НА СИТЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВО ЗЕМЈАВА: ВКУПНО 183 ВОЗИЛА, ПРОСЕЧНО СТАРИ ПО 11 ГОДИНИ

on .

There are no translations available.

 

Денеска, 3 јули 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци на сите амбулантни возила во земјава (санитетски и возила за брза помош). Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.

Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.

За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило.

Базата на податоци е изработена врз основа на добиени одговори на барања за слободен пристап од сите 90 здравствени институции во земјава.

Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава.

Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Република Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации, посетете ги нашите веб и Facebook страници: https://www.usaid.gov/north-macedonia и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/