ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - МАК петти број
Печати
PDF

МАК петти број

on .

Во овој број

Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување. За сите кои не го сторија тоа, потсетување и молба да го направат тоа што е можно поскоро, бидејќи вашите мислења се од клучна важност за подобрување на нашата работа. За вашите одговори и сугестии ќе ве информираме во следниот број на месечникот, а во меѓувреме внимателно ги проучуваме за да можеме веднаш да ги примениме во содржините на месечникот.

Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција. И во двете земји, казните се сметаат како порака до општествата за тврдиот став на властите против криминалот.

Во соседна Грција, пак, по серијата масовни и насилни протести, Владата мораше да вети дека ќе ја исчисти корупцијата во своите редови за да ја врати довербата на граѓаните.

Нашиот постојан соработник, антикорупцискиот експерт Михајлова, се осврнува на потребата од поголема транспарентност на буџетот како клучно средство за учество на граѓаните и за демократска контрола во постапката за донесување на буџетот, но и за трошење на средствата. И овде искуствата од две земји од различни страни на светот покажуваат дека залагањата за отворен буџет значително ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат одговорноста на службените лица.

Во продолжение, експерти по кривично право ја анализираат новата инкриминација во Кривичниот законик за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка, која се предвидува како сериозно казнено дело со висока казна, поаѓајќи од тоа дека претставува атак не само врз одделни лица, туку и врз севкупната општествена заедница.

Во овој број уште и за поткупот кој многу меѓународни компании го плаќаат како цена на водењето бизнис во одредени земји. По неколку големи корупциски скандали, сега самите меѓународни компании се противставуваат на давањето пари за поткуп.

Се надеваме дека содржините и од овој број на месечникот ќе придонесат за продлабочување на сознанијата за принципите на чесното и одговорно работење и секому од нас ќе му послужат како патоказ за однесување во својата работа.

Месечник за антикорупција МАК број 5