ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - МАК дванаесетти број
Печати
PDF

МАК дванаесетти број

on .

Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.

Светската банка повика на создавање глобална алијанса за полесно следење на поголемите случаи на корупција, особено на оние кон кои посочувала оваа институција. Банката им изрече забрани на повеќе од 100 фирми и поединци поради измама и корупција и ги отстрани од учества на тендери за договори финансирани со парите на банката. Најпродуктивниот од овие случаи беше оној против германскиот индустриски конгломерат „Сименс“, во јули минатата година. Светската банка го стави „Сименс“ на црната листа на развојните проекти финансирани од неа во рок од две години, а „Сименс“ се согласи да плати 100 милиони долари во период од 15 години, како поддршка на глобалните напори за спречување на измамата и корупцијата.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун изјави дека корупцијата претставува закана за развојот, за демократијата и за стабилноста. Според него, корупцијата ги нарушува пазарите, го спречува економскиот раст и ги обесхрабрува странските инвестиции. Ги поткопува јавните услуги и довербата во службените лица. Освен тоа, придонесува кон оштетување на животната средина и го загрозува јавното здравје, овозможувајќи нелегално фрлање опасен отпад, како и производство и дистрибуција на фалсификувани лекови.

На Балканот, пак, во тек е еден од најголемите корупциски скандали – приведувањето на довчерашниот хрватски премиер, Санадер. Во овој број ја објавуваме анализата на оваа тема од хрватскиот новинар Горан Јунгвирт, кој наведува дека пред воопшто да стане збор за судење, некои експерти веќе го прогласија поранешниот премиер за виновен за раководење со распространет систем на финансиски услуги, засновани врз разграбување на државниот имот.

Спортот е сè почесто во средиштето на големи корупциски скандали. Се смета дека неговата поврзаност со големи суми пари и со огромна популација го прави привлечен за матни бизниси. Ако пред еден век првиот човек на модерните олимписки игри, Пјер де Кубертен, рекол: „Парите се најголемиот непријател на спортот“, тогаш со право може да се прашаме зошто модерното општество свесно ја жртвува најважната споредна работа во животот на секој човек – спортот. Опширна анализа на тема – спортот и корупцијата има Дамјан Шишковски, правник и спортски работник.

На крајот од ова издание на месечникот, ги објавуваме клучните наоди од мониторингот на јавните набавки за третиот квартал од оваа година, но и препораките за намалување на детектираниот простор за злоупотреби и корупција во трошењето на јавните пари.

Веруваме дека овој предновогодишен број од месечникот нуди корисни содржини за вашиот придонес кон потранспарентно и почесно општество. Воедно, ви ја честитаме Новата 2011 година, ви благодариме што годинава што минува бевте со нас и ви пожелуваме добро здравје, среќа и многу работни успеси во годината што доаѓа.

Месечник за антикорупција МАК број 12