ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

on .

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.

По трите извештаи од ад-хок мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и сумарниот извештај од мониторингот, во ноември 2020 година е изработен овој документ за јавни политики насловен како: насловен како: „Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“ кој ги опфаќа набавките поврзани со КОВИД-19, владините политики во врска со овие набавки, како и препораки за мерки што треба да се преземат во иднина како резултат на случувањата во кризната 2020 година.

Печати
PDF

Анализа на остварувањето на пристапот до информации според новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

on .

Уште од првиот ден на спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Центарот за граѓански комуникации започна мониторинг на спроведувањето на законот врз основа на барањата за пристап што ги испраќа до институциите за добивање информации за разните истражувања што ги спроведува.

Во периодот од 1 декември 2019 година до 31 мај 2020 година, односно во првите шест месеци од спроведувањето на новиот закон, Центарот за граѓански комуникации испрати вкупно 460 барања за слободен пристап до институциите. Анализата за спроведувањето на новиот закон е направена врз основа на одговорите на овие барања и односот на институциите кон нив.

Анализата се осврнува и на ефектите што ги имаше кризата со КОВИД-19 врз остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Печати
PDF

Детектирани ризиците од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

on .


Денес, 6 октомври 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините. (Истражувањето на албански јазик е достапно овде).

Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата.

Клучни наоди од анализата:

  • Констатирани се ризици од корупција кои се манифестираат преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 %. Највиско ниво на реализација на планот имало АД МИА со 96 %, а најниско АД Водостопанство од само 1 %.
  • Концентрацијата на една фирма во јавните набавки на одредена институција, како еден од најрелевантните индикатори за постоење на ризик од корупција, е проблем којшто е евидентиран кај голем дел од анализираните претпријатија и акционерски друштва. Кај речиси една третина од нив, концентрацијата на набавките кај една фирма е поголема од 40 %. Според вредноста на договорите најголем удел на една фирма има кај АД Електрани, а според процентуално учество во АД Водостопанство.
  • Третина од таргетираните претпријатија ја применувале нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Високи удели на овие набавки во вкупната вредност на набавките се евидентирани кај Службен весник, со 28 % и кај Градски паркинг Скопје, со 22 %.
  • Кај дури 20 од 37 таргетирани претпријатија уделот на поништени постапки е повисок од 20 %. Честите поништувања на тендерите претставуваат индикатор за постоење ризик од корупција. Најголеми поништувања на тендерите имале МЖ Транспорт, Национални шуми и ЈСП Скопје.
  • Големи разлики се констатирани во цените на набавките на ист вид производи и услуги и тоа од 24 % до 120 %.  Еден мегават/час елктричната енергија е купуван по цени од 4.738 до 5.888 денари.  Еден топ хартија за печатење  ( бела боја, 80 грама и А4 формат) е купуван од 158 до 349 денари. Претпријатијата им плаќаат на агенциите за обезбедување, за едно лице за физичко обезбедување на месечно ниво 24.255 до 36.875 денари. За привремени вработувања се користени услуги од  специјализираните агенции на кои им се плаќала провизија од 0,01  % до  8,90 % од бруто примањата на работниците. Нафтените деривати, пак, се купувани по највисоките малопродажни цени.

Истражувањето Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините  е изработено во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 октомври 2019 година до 30 септември 2021 година.