Индекс на рационалност 10
Десеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- училишни клупи;
- гуми за патнички возила;
- ризла за одржување патишта;
- стручен надзор при градежни работи и
- медицински азотен оксид N20.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка во 2013 година.
Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 72 институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цените на производите и услугите на вкупно 43 институции.
Индекс на рационалност 9
Деветтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги и производи:
- одржување на лифтови;
- печатење на образец за сметки;
- РТГ филмови за рентген снимки;
- кравјо сирење и
- ГПС уреди.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка доминантно во првата половина од 2013 година.
Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 53 институции на национално и на локално ниво. Но, поради објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цени на производите и услугите на 39 институции.
Индекс на рационалност 8
Осмиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги:
- работна облека;
- работни чевли;
- урбана опрема – клупи;
- тонери и
- дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои во текот на 2012 година и во првите два месеци од 2013 година имале ваков вид набавка.