Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари
Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од нашите најнови истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени денеска.
База на податоци за пожарникари и противпожарни возила
База на податоци за амбулантни и санитетски возила