Повик за истражувачки стории за новинари од локални медиуми
Скопје, 1 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.
Во рамките на овој повик 3 новинари од локални медиуми од општините Битола, Кичево и Неготино ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени кон прашањата поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните власти, како и на проблемите предизвикани од корупцијата. Областите за истражување може да бидат - јавните набавки, доделувањето на градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште, користењето на спортските објекти, доделувањето средства од буџетот на општините, транспарентност во работењето на локалните институции, работењето на локалните јавни претпријатија итн.