Печати
PDF

Предложени мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните претпријатија и установи

На втората работилница во организација на Центарот за граѓански комуникации се предлагаа мерки за стеснување на просторот за корупцијата во јавните претпријатија и установи. Домашни стручњаци, претставници на надлежните институции и претставници од бизнис секторот на 4 јули ги изнесоа своите сознанија и ставови за спречување на корупцијата во овој сегмент, кој беше детектиран како еден од најранливите во Република Македонија.

Предлог-мерки и експертско мислење изнесоа Вања Михајлова, антикорупциски експерт и поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата, професорот од Правниот факултет, д-р Борче Давитковски и професорот од Економскиот факултет, д-р Љубомир Кекеновски.

Печати
PDF

Дефинирање мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки

Домашни експерти и претставници на надлежните институции и бизнис секторот дискутираа за потребните мерки што треба да се преземат за намалување на корупцијата во јавните набавки. Работилницата се одржа на 3 мај оваа година во НВО Инфоцентарот во организација на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. Ова е прва од планираните шест работилници што се дел од проектот за предлагање мерки за намалување на корупцијата во Македонија.

Печати
PDF

ЦГК предлага серија мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки

Преку серија активности што се спроведуваа во периодот од 2005 до 2007 година, ЦГК дефинираше низа мерки што треба да се преземат за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки во РМ. Мерките се доставени до сите релевантни институции во земјава од кои се очекува да ги земат предвид во насока на генералните заложби за намалување на корупцијата во РМ. Освен за јавните набавки, ЦГК во следниот период ќе предложи мерки за намалување на корупција уште во неколку други најранливи области.