Печати
PDF

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации ги издаде преводите на познатиот прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер Legal Leaks Toolkit на македонски и на албански јазик. Со ова и Македонија се приклучува кон многуте европски земји кои го имаат преведено овој најзначаен водич за новинари за поголемо користење на пристапот до информации како моќна алатка за нивното известување.

Освен за остварување на правото за пристап во Македонија, прирачникот нуди и совети како да се оствари ова право во сите 56 земји членки на ОБСЕ. Прирачникот содржи и совети за заштита и безбедност на податоците на новинарите и посебно поглавие за статистичкото новинарство.

Овде можете да ги преземете прирачниците на македонски и на албански јазик или, пак, јавете се на (02) 3213-513 да ви го испратиме во печатен формат.

Печати
PDF

Пристапот до информации од јавен карактер – моќна новинарска алатка

Новинари од цела Македонија обучени за поголемо користење на правото за пристап до информации од јавен карактер во насока на поквалитетно и поиздржано информирање на јавноста

Охрид, 11 ноември 2012 година – Дваесетина новинари од локални и национални медиуми учествуваа на обуките за полесен пристап до информации од јавен карактер што се одржаа од 7 до 11 ноември 2012 година во Охрид.

Обуките ги водеше најистакнатиот тренер на новинари од областа на пристапот до информации од јавен карактер во Европа, Хелен Дарбишир од Access Info Europe, водечка европска организација за олеснување на пристапот до јавни информации. Покрај неа, тренер на обуките беше и Давид Кабо, специјалист за пристап до електронски бази на податоци од организацијата Civio од Шпанија, а гости-предавачи Данче Даниловска, водечки македонски експерт за остварување на правото за пристап до информации од јавен карактер и Ана Петрушева, уредник на Балкан Инсајт.

Печати
PDF

Најнови резултати од истражувањето на рационалноста во јавните набавки

СКОПЈЕ, 08 ноември 2012 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.7, овој пат изработен за услугата одржување на хигиена и за производите дефибрилатори, јунешко месо без коски, ПВЦ прозорци и работни обувки-кломпи.

Според наодите од индексот, рационалноста во трошењето на јавните пари не е приоритет кај значаен број на институции на национално и на локално ниво. Индексот, поконкретно, ги покажа следниве разлики во цените:

Печати
PDF

Дебати за примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите

 

Повеќе од 40 новинари од локални медиуми од цела Македонија учествуваа на четирите дебати за поголема примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите што се одржаа во октомври во Битола, Охрид, Штип и Велес.

Повод за дебата беа резултатите од истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации за примена на ова право меѓу македонските новинари. Истражувањето покажа недоволна примена и познавање на новинарите на правото за слободен пристап до јавните информации. Новинарите, исто така, ја оценуваат како тешка и достапноста до информациите од јавен карактер, а како проблеми ги изразуваат недовербата во институциите дека ќе ги достават бараните информации и долгите рокови за добивање одговор.

Печати
PDF

Најнови резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 18 октомври 2012 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава, за периодот од април до јуни 2012 година. Констатирани се, меѓу другите, следниве клучни наоди:

  • Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите.
  • Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност.
  • Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки.
  • Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки.

Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки.

Преземете го извештајот овде.