Завршени проекти

Печати
PDF

Медиумите и невладините против корупцијата (2011-2012)

on .

Проектот опфати серија одделни и заеднички активности за зајакнување на улогата на медиумите и на невладините организации како најзначајни претставници на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата. Со проектот се влијаеше врз зголемување на капацитетот, вклученоста и соработката меѓу медиумите и невладините организации во борбата против корупцијата преку директна вклученост во проектните активности (дебати и обуки) на повеќе од 100 новинари, уредници и претставници на невладините организации. Во рамките на проектот се спроведе длабочинско квалитативно истражување на начинот на кој медиумите известуваат за корупцијата, чиј резултати претставуваа основа за дизајнирање на програмата за дебатите и обуките, како и на препораките за унапредување на состојбата. Освен тоа, беше издаден водич за невладиниот сектор за борба против корупцијата и беше преведена на македонски јазик една од најзначајните книги во светот од областа на борбата против корупцијата „Власта и корупцијата“ од Сузан Роуз Ејкерман. На крајот, новинарите и претставниците на невладиниот сектор формираа неформална мрежа потпишувајќи заедничка декларација за борба против корупцијата. Проектот е финансиски поддржан од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) на ЕУ.

Печати
PDF

Намалување на корупцијата: Размена на искуства и добри практики во истражувачкото новинарство меѓу новинари од Македонија и од Романија (2008-2009)

on .

Во партнерство во Романскиот центар за истражувачко новинарство, 10 новинари од најрелевантните национални и локални медиуми од Македонија се обучени од водечки тренери за истражувачко новинарство од Македонија и Романија за напредните техники на истражувачкото новинарство. Обуката резултираше со разработени идеи за истражувања на конкретни теми.

Печати
PDF

Засилување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата (2008-2009)

on .

Проектот ги унапредува новинарските стандарди за истражување и известување за корупцијата и го засилува капацитетот на медиумите за остварување на нивната општествена улога во борбата против корупцијата. Појдовна основа претставуваше длабочинската анализа за начинот на кој македонските медиуми известуваат за коруцијата и за детектирање на главните слабости во тоа известување.

Печати
PDF

Мерки за намалување на корупцијата во Македонија (2007-2008)

on .

Откако со првата фаза од проектот беа утврдени најранливите области на корупција во Македонија, преку овој проект се создадени и препорачани вкупно 156 конкретни мерки кои треба да се преземат од властите за да се стесни просторот за корупција. Проектот вклучуваше споредба со најдобрите практики во другите земји, серија работилници на кои експерти и претставници на заинтересираните страни дискутираа и предлагаа начини како да се намали просторот за корупција, приоритетизација на мерките и нивно испраќање до надлежните институции и медиумите и следење на нивното спроведување.