ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Транспарентно локално владеење: Книга на практики и препораки
Печати
PDF

Транспарентно локално владеење: Книга на практики и препораки

on .

Книга на практики и препораки (.pdf)

Една од главните цели на децентрализацијата е да ги направи локалните власти поодговорни кон потребите на локалните заедници. Сепак, шест години по воведувањето на овој процес, истражувањата покажуваат дека граѓаните сè уште не се задоволни од начинот на кој локалната самоуправа се справува со нивните проблеми и како таа го организира животот и работата на локалните заедници.

Во најголемиот дел од општините во земјава, граѓаните недоволно учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики, а локалните власти не се доволно транспарентни, отчетни и одговорни во своето работење. Освен ова, граѓаните сè уште не се доволно запознаени со улогата и со значењето на општините во локалните заедници.

Оттука, се наметнува потребата од обезбедување помош на општините за да развијат и да применуваат ефикасни механизми за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење, како и механизми кои ќе овозможат и ќе поттикнуваат редовно учество на граѓаните, бизнисмените и претставниците на невладините организации во донесувањето одлуки и во креирањето на локалните политики. Од друга страна, постојат општини кои применуваат одредени успешни практики  кои покажуваат резултати и кои служат како успешни примери што можат да ги следат и да ги применуваат другите општини.

Повеќе од една година, три домашни невладини организации, НВО Инфоцентар, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, поддржани од УСАИД, работат врз зголемување на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнисмените, граѓанските организации и локалните власти во Македонија, преку воведување и заживување механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните самоуправи; преку охрабрување за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето одлуки на локално ниво и размена на добри практики меѓу општините во земјава.

Во првата фаза (2009 – 2010 година) од проектот, во која се опфатени четири општини од источна Македонија:  Струмица, Штип, Свети Николе и Виница, анкетирани се 959 граѓани, 85 компании и 85 невладини организации, направени се повеќе од 20 посети и разговори со општинските администрации, изработени се и доставени до локалните власти четириесетина препораки, формирани се работни тимови за нивно спроведување, одржани се шест работилници со претставниците на тимовите и во секоја од општините се отворени и работат граѓански центри за собирање поплаки, предлози и сугестии од жителите за унапредување на работата на локалната самоуправа. Сознанијата добиени од овие активности се преточени во оваа „Книга на практики“. Покрај искуствата од теренот, таа содржи и законски рамки, препораки за унапредување и примери за следење во четири најзначајни аспекти во областа на транспарентноста, отчетноста, одговорноста и учеството на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето политики на локално ниво. Станува збор за: учеството на заедницата во процесот на донесување одлуки, професионалност на општинската администрација, степенот на информираност на граѓаните и отчетноста на општината, како и проактивноста на општината спрема локалната заедница.

Книгата треба да им послужи на овие четири општини, на десетината нови општини од Скопје и од западна Македонија што ќе бидат дел од проектот во текот на 2011 и 2012 година, како и на сите други општини во Македонија, да го унапредат своето работење бидејќи, како што вели и мотото на овој проект – нема демократија без добро однесување и нема добро однесување без одговорност и транспарентност.