ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Мерки за стеснување на просторот за корупција во образованието
Print
PDF

Мерки за стеснување на просторот за корупција во образованието

on .

There are no translations available.

1.  Да се воведе задолжителна анти-корупциска настава во основното образование за поимот и видовите на корупција, како и за штетните последици од неа;

2. Да се воведат антикорупциски одредби во законите за образование со кои ќе се спречуваат конфликтот на интерес, непотизмот, кронизмот, забрана за вршење образовна работа за лица за кои со судска пресуда биде утврдено дека земале поткуп и сл.

3. Да се воспостават строги критериуми за квалитет при одобрување на литературата што ќе се користи во училиштата и постапката за избор на литературата да биде транспарентна;

4. Да се засили контролата за да се спречи издавање на учебници чии автори и нивни блиски роднини и пријатели се вработени во Министерството за образование;

5. Да се овозможи и охрабри пријавување од страна на наставниците и директорите на случаи кога врз нив се врши притисок за користење на одредени учебници;

6. Да се овозможи поголема вклученост на родителските одбори при изборот на директори на училиштата и при оценка на работата на наставничкиот кадар;

7. Да се овозможи активно вклучување на родителите во изборот на најповолни понудувачи при спроведување на набавките во училиштата (екскурзии, униформи, поправки и др.);

8. Да се поттикне формирање на фондови за поддршка на училиштата како алтернатива на директното нудење или барање услуги од родителите чии деца учат во училиштата;

9. Да се воведе ротирачко членство на професорите, асистентите и другите кадри во одборите и комисиите на факултетите и универзитетите;

10. Да се донесат применливи етички кодекси за наставниците, академскиот кадар, административниот кадар и за студентите;

11. Да се детализираат испитните правилници во насока на избегнување на можностите за дискреционо однесување;

12. Да се воведат независни и професионални тела за акредитација и евалуација;

13. Да се забрани професори, асистенти и други лица вработени во училиштата и на факултетите да продаваат учебници и на каков било начин да ги условуваат учениците или студентите да ги поседуваат учебниците;

14. Да се обезбеди функционалност на отворената телефонска линија за пријавување на корупција во образованието и нејзино популаризирање;

15. Да се измени уредувањето на Студентскиот правобранител во насока на негова професионализација (при што не смее да биде ниту студент, ниту дел од наставниот кадар) и институционално зајакнување;

16. Да се обезбеди транспарентно распределување на леглата во студентските домови, преку строго почитување на однапред утврдените и објавени критериуми и со учество на невладиниот сектор и медиумите како набљудувачи;

17. Да се воведат построги казни за злоупотребите, фалсификувањето на документите, продавањето легла во домовите како и партиски влијанија во изборот на студенти кои ќе добијат легла во домови.

18. Да се засили промоцијата на правата на студентите, нивното застапување и механизмите што им стојат на располагање за остварување и заштита на тие права;

19. Да се обезбеди плурализам во студентското организирање како начин за поефикасно застапување и заштита на правата на студентите;

20. Да се обезбеди поголема транспартеност и отчетност во трошењето на парите на студентските сојузи.