ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Мерки за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација
Print
PDF

Мерки за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација

on .

There are no translations available.

1. Да се одземе дискреционото право на функционерите кои раководат со државните институции - при вработувањето на нови луѓе да можат да избираат меѓу петте прворангирани кандидати предложени од Државната агенција за државни службеници и наместо тоа да се воспостави обврска на работа да се прима прворангираниот кандидат;

2. Секоја државна институција јавно да ја објави систематизацијата на работни места (на интернет страницата на институцијата);

3. Да се преиспита изземањето на вработените во Царинската управа и во Управата за јавни приходи од Законот за државни службеници;

4. Да се донесат етички кодекси во областите што не се опфатени со Етичкиот кодекс за државните службеници (здравство, образование, установи, фондови и сл.);

5. Да се спроведуваат дисциплински постапки за службениците што ги кршат одредбите од Етичкиот кодекс;

6. Најважните одредби од Етичкиот кодекс за државните службеници да се вградат во законите;

7. Во Буџетот на РМ да се предвиди одделна ставка за континуирана обука на вработените во државната администрација;

8. Вработувањето и унапредувањето на државните службеници да се спроведува само врз основа на заслугите (остварените резултати во работењето) преку доследно почитување на Законот за државни службеници;

9. Да се воведат професионални стандарди за работење, критериуми за мерливост и одговорност на државните службеници;

10. Доспедно да се применува системот на наградување и казнување на државните службеници;

11. Да се воведат елементи на систем на кариера така што за пополнување на повисоките работни места ќе се спроведуваат интерни огласи во рамките на институциите за да се максимизираат ефектите од работното искуство и знаење на државната администрација;

12. Да се донесат системски мерки насочени кон стеснување на просторот за донесување на субјективни одлуки кај јавната администрација;

13. Секаде каде што може да се воведе т.н. електронска администрација, односно автоматско извршување на услугите на јавната администрација;

14. Да се предвиди одговорност за членовите на комисиите кои одлучуваат по барањата за денационализација доколку не одговорат на барањата во најкус можен рок;

15. Да се професионализираат комисиите за денационализација;

16. Во комисиите што одлучуваат арбитрарно по разни прашања (денационализација, оценка за работна способност и др.) да се вклучат за членови и надворешни експерти од областа на одлучувањето на комисиите;

17. Да се воведат ненадејни контроли и проверки на донесените решенија од разните комисии;

18. Да се предвидат кривични санкции дури и за т.н. „ситна корупција”;

19. Да се усогласат и стандардизираат процедурите за сите услуги што ги дава јавната администрација на национално и на локално ниво;

20. Да се унифицираат обрасците и да се усогласат потребните документи за извршување на услугите за граѓаните, кај сите општини во земјата;

21. Да се дефинираат критериумите за добивање на разните одобренија;

22. Да се објават јавно во секоја државна институција потребните документи за одредена услуга, критериумите за добивање на услугата, лицата што се надлежни за секоја одделна постапка и роковите во кои треба да се добие услугата;

23. Да се воведат предна и заднинска канцеларија на сите места каде што се издаваат одобренија, дозволи и слични услуги за граѓаните;

24. Да се автоматизира плаќањето на патарините.