Печати
PDF

Нерегулирана сфера која остава широк терен за корупција

on .

Целосната партизација на управните одбори на јавните претпријатија и установите на државно и на локално ниво, која се спроведува за сметка на стручноста и компетентноста на членовите, и од домашните експерти и од меѓународните организации се оценува како состојба која овозможува корупција и придонесува кон натамошен развој на овој проблем. Изборот на членовите во управните одбори според партиски и етнички критериуми наместо според стручноста и компетентноста, што е потврдено и во ова истражување, креира амбиент во кој одлуките во овие претпријатија се носат од партиски или личен интерес а не од интерес на граѓаните кои и ги финансираат и ги користат услугите на јавните претпријатија и установи.

Превземете го целиот извештај (PDF формат, 111 KB)