Печати
PDF

Индекс на активна транспарентност 2018

on .

Индекс на активна транспарентност 2018

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%).

Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 35%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 2%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност.

За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%.

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите и понатаму објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.

Во однос на регионите, според просечните резултати, и годинава најдобро стои Пелагонискиот Регион, а најслабо – Полошкиот.

Општините одговорија во просек за 20 дена, а министерствата за 41 ден на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беше испратено на сите во ист ден и со иста содржина. 71% од институциите одговорија на барањето во максималниот законски рок од 30 дена, а 29% го испратиле одговорот со задоцнување.