ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Унапредување на истражувачкото новинарство во Македонија
Печати
PDF

Унапредување на истражувачкото новинарство во Македонија

on .

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството.

Темите на обуките се избираа во зависност од укажувањата на новинарите за нивните потреби или од конкретните состојби во земјата и тоа – од начинот на пребарување на т.н. „Панама пејперс“, преку истражување и известување за изборниот процес, за финансиски и економски прашања, за теми од локално значење, сѐ до специјализирани обуки за телевизиски новинари и новинари од новите медиуми, како и обуки за користење во истражувањето на дигитални и форензични алатки и обуки за обезбедување на квалитетно истражувачко новинарство за помлади новинари и за најнапредни истражувачки новинари.

Предавачи беа истражувачки новинари, обучувачи и експерти од Европа, регионот, но и од Македонија. Меѓу нив, Кристијан Триберт, наградуван истражувачки новинар од Холандија, Кит Стафорд, водечки меѓународен тренер на Ројтерс, Рејчел Рајт, продуцент и новинар на ББЦ, истражувачки новинари и уредници од водечката ТВ редакција за истражувачко новинарство во регионот Инсајдер, како и од една од најдобрите регионални мрежи за истражување на корупцијата, Крик, и двете од Србија.

Како резултат, редовниот годишен мониторинг на известувањето на медиумите покажа зголемено присуство на истражувачките и на аналитички новинарски стории во 2017 година во однос на 2016 година, односно скок на учеството на овие текстови во вкупниот број текстови од 5% на 8,8%, со подобрени елементи во самите стории.

Сите овие активности се спроведуваат во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од ЕУ, а којшто го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.

Проектот опфаќа и низа работилници за подобрување на соработката меѓу новинарите и граѓанскиот сектор за постигнување заеднички општествени цели, поддршка на новинари од Македонија за истражувања на начините на коишто одредени проблеми со којшто се соочува Македонија се решени во други европски земји, поддржка на локални невладини организации за изработка на истражувања и бази на податоци за важни појави од земјата а кои понатаму ќе им служат на новинарите и на граѓанскиот сектор за подобрување и поткрепа на нивните активности, итн.