Печати
PDF

Индекс на рационалност 16

on .

Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:

  • електрична енергија;
  • миење патнички возила;
  • писмен превод;
  • ангажирање агенција за привремени вработувања и
  • поставување бехатон-плочки.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто за набавките спровеле 55 тендери.