Печати
PDF

Истражувачко новинарство за поттикнување реформи (2016-2018)

on .

Со проектот ќе се создадат јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Се очекува проектот да придонесе за: поквалитетно и покредибилно истражувачко новинарство преку унапредување на знаењата, вештините и алатките за истражување на новинарите за продлабочено известување, засновано врз факти; изградено оперативно и ефикасно партнерство меѓу граѓанските организации и медиумите за поголема достапност на информации засновани врз темелно и конзистенство истражувачко новинарство; креирани десетици бази на податоци од страна на граѓански организации за поддршка на нивните активности и за создавање ресурси за истражувачко новинарство; подобро и посуштински информирани граѓани за важни прашања при носењето одлуки.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014.