Печати
PDF

Индекс на рационалност 12

on .

Индекс на рационалност 12

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги:

  • вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци);
  • хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици);
  • фискални апарати;
  • надворешни камери за видеонадзор и
  • финансиска ревизија.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година.

Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално и на локално ниво. Но од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 36 тендерски постапки од страна на 34 институции.