Печати
PDF

Институциите за исти производи и услуги плаќаат цени со големи разлики

СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

Најголема разлика во цените е евидентирана при набавката на услугата за ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти, а најмала разлика во цените е констатирана во набавката на услугата за асфалтирање на улици .

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • електричната енергија е купувана по цени кои се движат од 3,46 денари до 6,25 денари за 1 KWh, со што највисоката цена е за дури 81% повисока од најниската;
  • вакцината против тетанус од 0,5 мл ги чинела здравствените институции од 37,14 до 74,87 денари, со што највисоката цена е за 102% повисока од најниската;
  • асфалтирањето улици ги чинело општините од 757 до 1.239 денари за м2, што значи дека највисоката цена е за 64% повисока од најниската;
  • ангажирањето механизација за уривање бесправно изградени објекти (камион со дигалка од 8 тони) ги чинело општините од 2.588 денари до 7.678 денари за 1 час, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 2 пати поголема од најниската цена и
  • ангажирањето работници за уривање бесправно изградени објекти ги чинело општините од 177 до 512 денари за 1 час, со што највисоката цена е за 189% повисока од најниската.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

 

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.