Печати
PDF

Наоди од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 25 јули 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од јануари до март 2014 година. Некои од клучните наоди се:

  • Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено. Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
  • Со оглед на природата на набавките кои беа доминантни во првиот квартал од годинава, компјутерска опрема, канцелариски материјал, осигурителни услуги, авиобилети, одржување хигиена итн., конкуренцијата во набавките беше на повисоко ниво од просекот евидентиран низ мониторингот во 2013 година. Дел од институциите и натаму учеството на тендери го условуваат со докази дека фирмата работи со профит.
  • Елементите врз основа на кои се евалуира квалитетот на набавките и натаму претставуваат слаба алка во системот.
  • Бројот на фирми кои имаат забрана за учество на тендери, заклучно со март 2014 година, достигна 45. Регистриран е случај на фирма која веќе има забрана што е подолга од законскиот максимум од пет години.

Извештајот може да се преземе овде.