Печати
PDF

Индекс на рационалност 10

on .

Индекс на рационалност 10

Десеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги:

  • училишни клупи;
  • гуми за патнички возила;
  • ризла за одржување патишта;
  • стручен надзор при градежни работи и
  • медицински азотен оксид N20.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка во 2013 година.

Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 72 институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цените на производите и услугите на вкупно 43 институции.