Печати
PDF

Олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци.

За време на состанокот се разговараше за примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за потешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки.

Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки се дел од активностите во рамките на проектот чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари.

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип. Проектот се спроведува во 21 општина и опфаќа повеќе од 200 договорни органи и околу 300 микропретпријатија.