Печати
PDF

Индекс на рационалност 9

on .

Индекс на рационалност 9

Деветтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги и производи:

  • одржување на лифтови;
  • печатење на образец за сметки;
  • РТГ филмови за рентген снимки;
  • кравјо сирење и
  • ГПС уреди.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид набавка доминантно во првата половина од 2013 година.

Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 53 институции на национално и на локално ниво. Но, поради објективни или субјективни причини, наведени детално во анализата, на крајот индексот е изработен врз основа на податоци за цени на производите и услугите на 39 институции.