ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија
Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 30 Август 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јануари до март 2013 година. Некои од клучните наоди се:

  • Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања - компаративната анализа на македонското законодавство со 8 земји од Европа.
  • Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
  • Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитет за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
  • Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.

Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

 

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација. Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.