ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Промоција на регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот и од вардарскиот регион
Печати
PDF

Промоција на регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот и од вардарскиот регион

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес.

Преку овие регионални центри, на 200 мали и микропретпријатија ќе им се нудат обуки, секојдневна помош и консултации. На договорните органи од 21 општина, пак, ќе им се препорачаат конкретни мерки што треба да ги преземат за намалување на постојните административни и други пречки за поголемо учество на малите и микропретпријатија во јавните набавки.

„Во услови на економска криза е суштински да се промовираат самовработувањата и развојот на микропретпријатијата за да се одговори на невработеноста, сиромаштијата и исклученоста“, изјави на промоцијата на центарот во Штип шефот на Мисијата на УСАИД Македонија, Роберт Вурц. „Како и да е, микропретпријатијата традиционално не учествуваат на јавните набавки, што е причина зошто сакаме да ја зголемиме нивната свесност и да ги унапредиме нивните способности да се натпреваруваат за оваа голема можност“.

„Поактивно учество на малите и микропретпријатијата во јавните набавки и воопшто во економските текови е многу значајно за натамошен локален економски развој“, изјави на промоцијата во Велес, претседателот на Советот на вардарскиот плански регион и градоначалник на Велес, Горан Петров.

„Отворањето на центарот во Штип ќе придонесе за развој на источниот плански регион кој има огромни потенцијали за живот и за работа“, истакна раководителката на Центарот за развој на источниот плански регион, Драгица Здравева.

Општите услови за учество на претпријатијата во проектот и за нивно квалификување за добивање помош се претпријатието да има производи и услуги кои се барани на огласите за јавни набавки и да има максимум до 10 вработени.

„Ги охрабрувам сите микропретпријатија да ги искористат можностите што ги нуди овој проект и да се стекнат со потребното знаење за да можат почесто и на поодржлива основа да водат бизнис преку јавните набавки“, подвлече на промоцијата во Велес директорот на Канцеларија за економски развој при УСАИД Македонија, Џозеф Лесард.

Центрите ќе работат во рамките на тригодишниот проект на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки чија цел е да го олесни пристапот на малите и на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна, на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет во јавните набавки.

Овие цели ќе се остварат преку следниве задачи:

  • Зголемување на свесноста кај малите и кај микропретпријатијата за можностите што ги нуди пазарот на јавните набавки;
  • Снабдување на малите и на микропретпријатијата со знаење, алатки, способности и капацитети за тендерските постапки и
  • Помош на договорните органи за намалување на административните пречки што го оневозможуваат влезот на микропретпријатијата во јавните набавки.

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје во партнерство со „ЕХО“ од Штип и со фондацијата „Фокус“ од Велес.