Печати
PDF

Засилување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата (2008-2009)

on .

Проектот ги унапредува новинарските стандарди за истражување и известување за корупцијата и го засилува капацитетот на медиумите за остварување на нивната општествена улога во борбата против корупцијата. Појдовна основа претставуваше длабочинската анализа за начинот на кој македонските медиуми известуваат за коруцијата и за детектирање на главните слабости во тоа известување.

Врз таа основа се извлекоа препораки за унапредување на новинарските стандарди, чие спроведување се обезбеди преку тренинг на 12 истражувачки новинари од водечките медиуми во земјава. Со овие активности се помогна во надминување на еден од главните проблеми детектирани во Државната стратегија за намалување на корупцијата – несоодветно покривање на корупцијата од страна на медиумите. Главниот проблем детектиран во истражувањето беше преземен и цитиран во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во Македонија во делот за медиуми. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој, преку проектот за зајакнување на граѓанското општество што го спроведува Институтот за трајни заедници.