Печати
PDF

МАК трет број

on .

ВО ОВОЈ БРОЈ

Од  1 март оваа година, секој граѓанин на Европската Унија ќе може анонимно да пријави сомневање за измама и корупција на Интернет, преку новиот електронски систем на Европската канцеларија за спречување на измами - ОЛАФ.

Во нашиот регион, корупцијата продолжува да се истакнува како една од најголемите пречки за подобар углед на земјите и за поголем прилив на странски инвестиции. Хрватска, пак, продолжува да биде светол пример за борба против корупцијата, која заеднички ја најавија новите лидери, претседателот Јосиповиќ и премиерката Косор. Под сомневање за вклученост во коруптивниот скандал со прехранбениот гигант „Подравка“, уапсен е довчерашниот заменик-премиер, Давор Поланчец. Тој е досега највисок носител на јавна функција осомничен и уапсен поради корупција.

Како тема на овој број, ви го претставуваме судирот на интереси, кој според својата природа не е корупција, но може да прерасне во неа доколку соодветно не се препознае, не се спречи и не се менаџира. Анализата нуди конкретни решенија и примери за справување со судирот на интереси.

Во текот на март Европската Унија ги објави извештаите за напредокот на Романија и на Бугарија, во кои најотворено и директно бара од двете земји да ја забрзаат борбата против корупцијата и организираниот криминал. Бугарија е предупредена дека покажува „слаби резултати“, а Романија дека „не успева да одржи динамика“ во борбата против криминалот и корупцијата.

На крајот од овој број на месечникот го анализираме сè почестото воведување на електронски системи во давањето владини услуги преку Интернет, процес кој, за да ја намали корупцијата, мора да опфати целосна реформа, а не да се сведе на едноставно копирање на дел од хартиената процедура и нејзино дигитализирање.

Искрено веруваме дека понудените содржини ќе го задржат вашето внимание и ќе придонесат за подигнување на свесноста за негативните последици од корупцијата и потребата од поинтензивна борба против неа.

Месечник за антикорупција МАК број 3