Печати
PDF

Олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

on .

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци.

За време на состанокот се разговараше за примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за потешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки.

Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки се дел од активностите во рамките на проектот чија цел е да обезбеди поголемо учество на овие претпријатија на пазарот на јавни набавки, придонесувајќи кон нивниот поодржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање на работни места, раст и иновации. Од друга страна, за договорните тоа значи можност за добивање на подобра вредност за потрошените пари.

Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со невладините Фокус од Штип и ЕХО од Штип. Проектот се спроведува во 21 општина и опфаќа повеќе од 200 договорни органи и околу 300 микропретпријатија.

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија за април-јуни 2013

on .

СКОПЈЕ, 4 ноември 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од април до јуни 2013 година како и Индексот на рационалност бр.9.

Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се:

  • Наспроти порастот на бројот на тендерите, опаѓа бројот на жалби по тендерите. Додека бројот на тендери пораснал од 4.175 во првото полугодие од 2012 година на дури 9.046 тендери во истиот период од 2013 година, бројот на жалби за истиот тој период се намалил од 338 на 291.
  • Дел од институциите не ја почитуваат законската обврска да ги вклучат фирмите во подготовка на техничките спецификации за јавните набавки над 130.000 евра преку водење т.н. технички дијалог.
  • Државните институции сè почесто бараат од фирмите да мораат да имаат остварено добивка во последните три години – за да учествуваат на тендерите.
  • Малата конкуренција на тендерите го оневозможува одржувањето на е-аукциите и го зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач.
  • Преку нетранспарентната постапка на преговарање без објавување оглас, во првото полугодие од 2013 год. се склучени договори во вкупна вредност од 22,6 мил. евра.

Индексот на рационалност бр.9 е изработен за тековното одржување на лифтови, обрасци за сметки, филмови за рентген снимки, кравјо сирење и ГПС уреди за возила.

Најголема разлика е евидентирана во набавката на обрасците за сметки, а за првпат е евидентирано отсуство на разлики во цената со тоа што филмовите за рентген снимки од различни здравствени институции се купувани по иста цена. Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • обрасците за сметки јавните претпријатија ги чинеле од 0,65 до 3,54 денари за еден образец, со што највисоката цена е за 445% повисока од најниската;
  • тековното одржување на лифтови годишно институциите ги чинело од 9.256 до 29.783 денари за еден лифт, со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 222% од најниската евидентирана цена;
  • ГПС уредите за сателитско следење на возилата (автомобили, автобуси и локомотиви) се купувани по цени од 6.406 до 19.337 денари, со што највисоката цена е повисока од најниската за 202%;
  • филмовите за рентген снимки од страна на здравствените институции се купувани по идентична цена,  и тоа пакување од 100 РТГ филма со димензии 18х24 см по цена од 2.336 денари; со димензии 24х30 см по цена од 3.894 денари и со димензи од 35х35 см по цена од 6.832 денари;
  • кравјото сирење од страна на затворите, студентските домови и здравствените институции е плаќано од 160 до 234 денари за килограм со што највисоката цена е за 46% повисока од најниската и

Извештајот од мониторингот за периодот април-јуни 2013 година, како и Индексот на рационалност бр.9 се достапни и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

90 микропретпријатија се обучуваат за јавните набавки

on .

Претставници на 90-тина фирми од речиси сите општини од источниот и вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за идно здружување на микропретпријатијата за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.

Конференцијата е можност за размена на искуства од учеството на микропретпријатијата на тендерите и за идните предизвици кои стојат на патот на микропретпријатијата кон поголемо и посоодветно учество на пазарот на јавни набавки.

Конференцијата е дел од Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје, во партнерство со невладините организации Фокус од Велес и ЕХО од Штип. Проектот го олеснува пристапот на микропретпријатијата до пазарот на јавните набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации.

Воедно, на државните институции проектот им овозможува, преку поголема конкуренција во јавните набавки, да постигнат пониски цени и повисок квалитет за купените производи, услуги и работи.

Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 30 Август 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јануари до март 2013 година. Некои од клучните наоди се:

  • Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања - компаративната анализа на македонското законодавство со 8 земји од Европа.
  • Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
  • Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитет за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
  • Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.

Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .