Дебати за примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите
Повеќе од 40 новинари од локални медиуми од цела Македонија учествуваа на четирите дебати за поголема примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите што се одржаа во октомври во Битола, Охрид, Штип и Велес.
Повод за дебата беа резултатите од истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации за примена на ова право меѓу македонските новинари. Истражувањето покажа недоволна примена и познавање на новинарите на правото за слободен пристап до јавните информации. Новинарите, исто така, ја оценуваат како тешка и достапноста до информациите од јавен карактер, а како проблеми ги изразуваат недовербата во институциите дека ќе ги достават бараните информации и долгите рокови за добивање одговор.