Институциите за исти производи и услуги плаќаат цени со големи разлики
СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.
Најголема разлика во цените е евидентирана при набавката на услугата за ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти, а најмала разлика во цените е констатирана во набавката на услугата за асфалтирање на улици .
Поконкретно евидентирани се следните разлики:
- електричната енергија е купувана по цени кои се движат од 3,46 денари до 6,25 денари за 1 KWh, со што највисоката цена е за дури 81% повисока од најниската;
- вакцината против тетанус од 0,5 мл ги чинела здравствените институции од 37,14 до 74,87 денари, со што највисоката цена е за 102% повисока од најниската;
- асфалтирањето улици ги чинело општините од 757 до 1.239 денари за м2, што значи дека највисоката цена е за 64% повисока од најниската;
- ангажирањето механизација за уривање бесправно изградени објекти (камион со дигалка од 8 тони) ги чинело општините од 2.588 денари до 7.678 денари за 1 час, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 2 пати поголема од најниската цена и
- ангажирањето работници за уривање бесправно изградени објекти ги чинело општините од 177 до 512 денари за 1 час, со што највисоката цена е за 189% повисока од најниската.
Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .