ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

На тендерите просечно има по 2,5 понудувачи, на е-аукциите учествуваат по 2

on .

СКОПЈЕ, 4 јули, 2016 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации:

  • Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите. Во 100% од тендерите морало да се бара согласност од Советот на јавни набавки пред да се објави огласот. Во делот на критериумите за учество, истражувањето успеало во 71% од случаите, а во останатите 29% се барала согласност.
  • Бројни примери од мониторингот на тендерите покажуваат голема меѓусебна зависност на проценетата вредност на набавките со крајната цена што се добива на тендерите, но и со поништувањето на постапките. Оттука, им се препорачува на договорните органи да спроведуваат предистражување на пазарот и на условите на него и, воопшто, посериозно да пристапуваат кон определување на проценетата вредност на набавките.
  • Процентот на поништување на тендерите во мониторираниот период и примерок е намален под просекот, иако има примери и на проблематични (не)поништувања на постапки.
  • Конкуренцијата на локалните тендери останува на истото, сè уште ниско ниво од просечно 2,5 понудувачи по тендер, а се намалува процентот на тендери без или само со еден понудувач.
  • Додека процентот на мониторирани тендери во кои се одржала електронска аукција е во пораст споредено со минатиот период, просечниот број на фирми кои фактички учествувале со наддавање на самите е-аукции изнесува само 2.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Најниската цена и задоцнетите плаќања им создаваат најголеми проблемите на фирмите во јавните набавки

on .

СКОПЈЕ, 6 мај 2016 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и анализата на жалбените постапки.

Истражувањето на фирмите за нивното искуство во јавните набавки покажува дека:

  • двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање;
  • просечното чекање за наплата на спроведените договори изнесува 8 месеци;
  • 79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки и тоа: 37% сметаат дека во јавните набавки често има корупција, 10% велат секогаш, а 32% ретко. Само 21% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Основни наоди од мониторингот на јавни набавки се:

  • стручните лица кои ги ангажирал Советот за јавни набавки при давањето согласности за тендерите во 2015 година ги чинеле институциите вкупно 2,2 милиони евра;
  • на секој четврти мониториран тендер имало по еден понудувач;
  • преку преговарање без објавување на оглас во 2015 година се склучени договори во вредност од 29 милиони евра;
  • во 2015 година поништени се 19,9% од постапките за јавни набавки.

Анализата на жалбените постапки пред Државната комисија за жалби по јавни набавки покажува:

  • за повеќе од 18 илјади спроведени тендери во 2015 година, доставени се само 523 жалби што упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки од само 2,8%;
  • 67% од жалбите се доставени против одлуките за избор на најповолна понуда.

Извештајот од мониторингот е достапен овде и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Поддршка на истражувачкото новинарство за одговорно владеење

on .

Скопје, 6 април 2016 год. – Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот започна со спроведувањето на тригодишниот проект, поддржан финансиски Европската унија „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“. Во рамките на проектот ќе бидат создадени јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Проектните активности треба да ја сменат сегашната состојба во која медиумите во земјата не успеваат да ја играат суштинската ’вочдог’ улога односно да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да бараат одговорност од носителите на власта. Во услови на влошување на ситуацијата во медиумите во комбинација со недоволен новинарски кадар и ограничени ресурси, постои значителен недостиг на истражувачко известување како една од најмоќните алатки за барање одговорност од властите.

Проектот е насочен кон зголемување на квалитетот и кредибилитетот на истражувачкото новинарство, креирање на бази на отворени податоци од страна на НВО како ресурси за истражувачкото новинарство и за нивните активности. Проектните активности опфаќаат интензивни тренинг-програми за истражувачко новинарство со фокус на доброто владеење; редовно менторирање и подучување на истражувачките новинари; учество на најдобрите истражувачки новинари на регионални конференции и школи за стекнување продлабочени знаења, споделување искуства и вмрежување; јавни дебати за улогата на истражувачкото новинарство; доделување грантови, обуки и менторирање на локални граѓански организации во подготовка на бази на отворени податоци за важни општествени прашања на локално ниво и воспоставување на јадро на граѓански организации и новинари кои ќе се залагаат за поголема транспарентност, отчетност и одговорност на властите.

Вкупниот буџет на проектот е 294.812 евра, од кои ЕУ учествува со 265.331 евра.

Печати
PDF

ИНДЕКС НА РАЦИОНАЛНОСТ 14

on .

Планираната, а неспроведена е-аукција носи највисоки цени

СКОПЈЕ, 21 март 2016 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 14 во кој се споредени цените по кои се купувани метални архивски ормари, јаглен и училишни столчиња. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на јаглен, а најмала во набавката на заштитните гумени чизми.

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • метални архивски ормани ги чинеле институциите од 6.476 до 14.293 денари за 1 орман, со речиси идентични димензии со што највисоката цена е за дури 121% повисока од најниската;
  • јагленот е купуван по цени кои се движат од 1.652 денари до 4.720 денари за еден тон со што највисоката цена е за дури 186% повисока од најниската;
  • училишни столчиња со стандардни димензии се купувани по цени кои се движат од 505 до 1.062 денари, што значи дека највисоката цена е за 110% повисока од најниската и
  • заштитни гумени чизми, високи до колена ги чинеле комуналните претпријатија од 400 до 728 денари за пар со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 82% поголема од најниската цена.

Обидот за изработка на индексот на рационалноста за чистење на речни корита не можеше да се реализира, бидејќи не можеше да се пронајде заедничка, единица мерка врз основа на која би ги споредиле трошоците за оваа услуга.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .