Печати
PDF

Индекс на рационалност 14

on .

Индекс на рационалност 14

Четиринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:

  • метални архивски ормани,
  • јаглен,
  • училишни столчиња,
  • заштитни гумени чизми и
  • чистење речни корита.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2014 и 2015 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле 74 тендери.

Печати
PDF

Индекс на рационалност 13

on .

Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги:

  • авионска дезинсекција на комарци,
  • систем за електронска евиденција на работното време,
  • контејнери за отпад,
  • собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и
  • пилешки стек.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година.

Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 67 тендери спроведени од институции на национално и на локално ниво. Но, од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 42 тендерски постапки од страна на 40 институции.

Печати
PDF

Индекс на рационалност 12

on .

Индекс на рационалност 12

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги:

  • вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци);
  • хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици);
  • фискални апарати;
  • надворешни камери за видеонадзор и
  • финансиска ревизија.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година.

Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално и на локално ниво. Но од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 36 тендерски постапки од страна на 34 институции.