Прирачник за следење и контрола на целисходноста во јавните набавки
Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.
Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните
На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.
Истражувањата покажуваат дека покривањето на дополнителните расходи од централниот и од општинските буџети кои ги наметна енергетската криза довеле до кратење на најмалку 220 милиони евра инвестиции како: реновирање на здравствени установи, изградба на градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образованието и проекти за унапредување на животната средина.
Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра.
Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.
На локално ниво, сите ЕЛС заедно, сосе градот Скопје, во екот на енергетската криза во 2022 година, со одделни ребаланси ги скратиле незначително плановите за инвестирање во градежни објекти (ставки 481 и 482), од 8,6 милијарди денари (140 милиони евра) на 8,2 милијарди денари (133 милиони евра). Меѓутоа, значително потфрлиле кога е во прашање реализацијата. Така, од оваа планирана сума на крајот се инвестирале 5,5 милијарди денари (89 милиони евра), што значи дека не се реализирале градежни капитални проекти во вкупна вредност од 3 милијарди денари (51 милион евра).
Присутните претставници на сите засегнати институции дискутираа за воочените состојби истакнувајќи конкретни примери за одлуки што ги носеле во текот на 2022 година, поврзани со влијанието на кризата, како и за реални проблеми со коишто се соочуваат во текот на работењето, од планирањето до реализацијата на буџетите.
Истражувањата, едното за општините, а другото за централните институции, заедно со препораките ќе бидат објавени во текот на октомври.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните
ИНВЕСТИЦИИ ОД 170 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ ЗАВИСИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ СКРАТЕНИ ВО 2022 ГОДИНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РАСХОДИ ВО БУЏЕТОТ НАМЕТНАТИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА
Скопје, 6 октомври 2023 година. На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“
Истражувањето покажува дека покривањето на дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза довеле до големо кратење на инвестиции од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните. Само во 2022 година од централната власт не биле реализирани проекти во вредност од 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образовни институции, како и проекти за унапредување на животната средина.
Покрај ова, и општините не реализирале капитални проекти во вредност од 50 милиони евра, така што во 2022 година во државата не биле реализирани проекти, кои се од важност на граѓаните, во вкупна вредност од најмалку 220 милиони евра.
Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра.
Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.
На денешната дебата во присуство на 40-ина претставници на државните институции и вклучени страни беа дискутирани предлозите за мерки кои треба да овозможат трошењата да бидат во најдобар интерес на граѓаните.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.