ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Соопштение за медиуми

on .

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Денес, 12 јануари 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за трошоците за зимско одржување на патиштата во земјава. Истражувањето покажа дека:

  • ЈП за одржување на патиштата сè уште нема склучено договор со фирма за зимско одржување на патиштата низ земјава;
  • За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра;
  • Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек;
  • Речиси и да нема конкуренција на тендерите за зимско одржување на кои просечно има по 1,4 понуди по тендер, а на 71 % од тендерите имало само по една понуда;
  • Со најголема вредност од 1,3 милиони евра годишно е тендерот за индустриска сол на ЈП за одржување на патиштата;
  • Градот Скопје и уште 8 скопски општини заедно ќе потрошат повеќе од 1 милион евра за улиците низ главниот град;
  • Најмногу пари ќе добие фирмата Лугос ЛЦ – 2,3 милиони евра за две години, за индустриска сол за патиштата.

Базата на отворени податоци за склучените договори, за набавките во тек и за поништените тендери се наоѓа на овој линк. Истражувањето ги вклучува договорите кои се објавени на Електронскиот систем за јавни набавки заклучно со 10 јануари 2025 година.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Истражување за трошоци за забавни манифестации

on .

1 милион евра пари на граѓаните општините трошат годишно на изведувачи и забавни манифестации

 

 

 

 

 

 

Денес, 19 декември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации и базата на податоци за овие трошења. Истражувањето покажа дека:

  • Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.
  • Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра.
  • Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка платила 25 илјади евра.
  • Сепак, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапи, во Берово и во Штип.
  • Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра.
  • Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес.
  • Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки.
  • Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци.
Печати
PDF

Истражување за исплати на адвокати

on .

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиони евра годишно

Денес, 12 декември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и на министерствата. Истражувањето покажа дека:

  • Општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, имајќи предвид дека набавката на услуги од адвокат е исклучена од Законот за јавни набавки.
  • Меѓу одговорите од општините има најразлични објаснувања за начинот на избор на адвокат и тоа: „Врз основа на нивниот углед и искуство во поглед на природата на предметите“; „Лесно достапни до општината, кои имаат канцеларија во истата општина“; „Врз основа на сознанија за стручноста и компетенциите на адвокатите и врз основа на добиени препораки за нивната досегашна работа“; „Со непосредна спогодба“; „По слободен избор“; „Го избрал градоначалникот“ и „Од именикот на адвокати“.
  • Само општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати.
  • Министерствата, на адвокати им исплатиле 62.428.934 денари или 1 милион евра.
  • Парите што министерствата и општините заедно ги плаќаат на адвокати се две третини од вкупните пари што за оваа намена ги исплаќаат сите буџетски институции заедно.
  • 40-тина проценти од исплатените 1,1 милион евра е за адвокати кои општините сами ги ангажирале, додека останатите 60 % се за исплатени адвокатски услуги по други основи.
  • Од општините, адвокати ангажирале 72 од 81 единица на локална самоуправа.
  • Една четвртина од општините исплаќаат месечен паушал на некој адвокат.
  • Од министерствата, само две имаат ангажирано адвокати, додека другите исплати се на адвокати по други основи, односно за судски и извршни решенија, и камати.
  • Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Финансии (за функции на државата), па Правда и Труд.
  • Поединечно најмногу пари му се исплатени на адвокат Влатко Ристовски кому само Општина Гази Баба му исплатила повеќе од 6 милиони денари во 2023 година.
Печати
PDF

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

on .

ПОДАТОЦИТЕ ОД РЕГИСТАРОТ НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ ВО ЗЕМЈАВА НЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Денес, 9 декември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија.

 

Анализата покажа дека: